Наутро магла, попладне и навечер дожд – температура до 20 степени

од Nikola Popovski
149 прегледи

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со магла или ниска облачност по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, информираат од УХМР.

Ќе дува умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а попладне долж Повардарието од северозападен правец.

Температурите ќе се движат од 1 до 20 степени Целзиусови.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремен дожд, а ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Температурата ќе се движи од 3 до 16 степени.

Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови. Во сабота врнежите ќе бидат локални, а на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.