Семејствата на израелските заложници кои ги држат членови на Хамас во Газа остро ги критикуваа членовите на Кабинетот за безбедност на Израел и соопштија дека побарале да се сретнат со нив, но дека не била прифатена поканата.
Тие истакнале дека не знаат кои се барањата на Израел во преговорите за ослободување на заложниците, објави израелскиот весник „Хаарец“.
Семејствата, кои веќе два дена маршираат на пат кон Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, во средата поминаа од Бер Јаков, град во централен Израел.
Семејствата денеска ќе ја посетат семејната куќа на војникот Ноа Марчијано во Модино, чија смрт беше објавена во вторникот.
На крајот на денот се очекува да стигнат до Латрон, кој е на 32 километри од Ерусалим.
Семејствата на Израелците кои Хамас ги држеше како заложници во Појасот Газа, заедно со луѓето кои ги поддржуваат, тргнаа вчера од Тел Авив на петдневен протестен марш кон Ерусалим, со повици за ослободување на заложниците.
Демонстрантите во Ерусалим ќе бараат од Нетанјаху слободата на своите најблиски.