Сијарто денеска во посета на Скопје

од Nikola Popovski
151 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе го пречека својот унгарски колега, Петер Сијарто во работна посета на земјава.

Како што соопшти МНР, во фокус на разговорите ќе бидат нашиот пристапен процес во ЕУ, билатералните односи во контекст на економската соработка и партнерството во рамки на меѓународните организации, како и други актуелни надворешно-политички теми.

Сијарто последен пат беше во Македонија пред две години во екот на пандемијата со Ковид-19, кога предаде донација од 6.000 вакцини „АстраЗенека“ наменета за граничната полиција.

Истакнувајќи дека Северна Македонија се наоѓа на Балканска мигрантска рута, Сијарто тогаш рече дека земјава истовремено треба да се бори и против пандемијата и со миграцискиот притисок, кој се повеќе е поголем и дека на неделно ниво има 250 обиди за илегално преминување на границата.

Доколку Северна Македонија не успее да го запре мигрантскиот бран, како што рече Сијарто тогаш овие бранови многу бргу ќе стигнат до границите на Европската унија.

На новинарското прашање дали Унгарија е за започнување на преговорите со Северна Македонија сега во јуни, Сијарто повтори дека Унгарија е безусловен поддржувач за евроатланските интеграции на Северна Македонија, сметаат дека местото на Северна Македонија е во Европската унија и дека ЕУ не може да биде комплетна без државите од Западен Балкан.

Слични содржини