Повеќе од 500 полицајци и истражители на државната безбедност упаднаа во 58 згради низ Германија во 6 часот наутро во четвртокот. Рацијата е насочена кон „опасни исламисти“.
Како што соопшти полицијата, се врши претрес на простории на исламистички здруженија за кои постои сомневање дека се поврзани со либанската шиитска група Хезболах.
Најголемата акција била во Хамбург, каде над 200 полицајци пребарале вкупно 32 згради, пишува Fenix.de.
„Во време кога многу Евреи се чувствуваат особено загрозени, Германија нема да толерира ниту исламистичка пропаганда ниту непријателско антисемитско поттикнување кон Израел“, рече Ненси Фезер, германска министерка за внатрешни работи.
Освен во Хамбург и Берлин, исламистички простории се претресуваат и во Долна Саксонија и Баварија, Хесен, Северна Рајна-Вестфалија и Баден-Виртемберг.