Израелскиот главен опозиционен лидер го повика Нетанјаху да поднесе оставка

од Stefanija Kuzmanovska
188 прегледи

Израелскиот главен опозиционен лидер Јаир Лапид денеска го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да поднесе оставка поради, како што оцени, лошото справување на владата во војната против палестинскиот Хамас.

Лапид рече дека сака создавање „национална влада за реконструкција“, која би можела да биде предводена од партијата Ликуд на Нетанјаху, но дека е важно Нетанјаху да си замине, објави Би-Би-Си.

Лапид на платформата X (Твитер) наведе дека израелската армија и јавноста покажале отпор по смртоносниот напад на Хамас на југот на Израел на 7 октомври, но дека во сè „најслабата алка е владата, посебно премиерот“.

„Слушам приказни дека сега не е вистинско време (за промена). Чекавме 40 дена, нема повеќе време. Она што ни треба веднаш е влада која нема да се занимава со ништо друго освен со безбедноста и економијата“, рече Лапид.

Лапид не ѝ се придружи на израелската воена влада формирана по 7 октомври, за разлика од другиот член на опозицијата, Бени Ганц.

Слични содржини