Службите ги следат состојбите и доколку има потреба ќе има нови протерувања на „дипломати“

од Nikola Popovski
153 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната прес-конференција во рамките на Министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба, на прашање за руското влијание во регионот порача дека Владата покажа јасен став дека ќе спречи секаков обид за влијание во реализацијата на нашите национални стратешки интереси.

„Ние превземаме конкретни мерки и тоа е видливо преку протерувањето на дипломати кои ја преминале линијата на дипломатско однесување и се обиделе преку разни активности да ги поткопаат процесите во нашата држава“, истакна министерката.

Петровска додаде дека службите ќе продолжат да ги следат ваквите активности и доколку повторно се појави потреба ќе постапат соодветно.

„Тоа се пораки која што секоја суверена и независна држава има право да ги испрати до секоја една земја која настојува да се меша во нашите внатрешни, домашни работи. Земјите во Западен Балкан имаат слабости кои се детектирани, но клучната разлика помеѓу е што западните демократии, нашите сојузници помагаат тие слабости да ги надминеме, додека некои други земји тие ги злоупотребуваат за дестабилизација и за отворање на нови проблеми“, подвлече министерката.

Слични содржини