Тренчевска: Преку уметност до споделување на силни пораки, од млади за млади

од Radmila Tasevska
217 прегледи

Младите од Детско драмско студио за деца во социјален ризик „Неверленд” од Здружението „Проект Среќа” се сретнаа со Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во просториите на Министерството за труд и социјална политика.

Министерката Тренчевска во текот на нејзиниот мандат е верен поддржувач на децата од социјален ризик вклучени во детското драмско студио „Наверленд”. Изминатата година за време на предновогодишните настани беше остварена соработка помеѓу МТСП и „Проект Среќа” каде беа вклучени и лица со попреченост, деца од згрижувачки семејства и деца од ранливите категории на граѓани. Соработката беше продлабочена со поддршката на министерката Тренчевска за Турнејата на претставата ,,Ех да можев…,, која има за цел да се поткрене свеста за булингот во основните и средните училишта.

На средбата децата ги споделија своите впечатоци од досега одржаните претстави низ целата држава. Тие ја информираа и за дијалогот кој се води помеѓу врсниците во однос на булингот.

Тренчевска посочи дека нивната иницијатива е од особена важност за сите млади, затоа што поттикнувањето на младите да размислуваат за одредени прашања не треба да доаѓа само од институциите или организациите. Таа рече дека некои пораки подобро се пренесуваат кога се вклучени чинители на иста возраст, истакнувајќи дека на таков начин пораките се прифаќаат со поголема доверба.

Слични содржини