342
Еден човек загина, а двајца се повредени во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Стража.
-На 15.11.2023 во 22.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Стража, кај Новоселски пат, патничко моторно возило „опел корса“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(42) од с.Долна Белица, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал сопатникот З.А.(54) од с.Долна Белица, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник Б.И.(41) од с.Велешта, струшко, констатирани во Општата болница Гостивар, информираат од МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.