Несреќа во рудник во Русија, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska
169 прегледи

Двајца работници загинале утринава во рудникот Омчак во руската провинција Забајкаље, кога дошло до колапс, соопшти регионалниот оддел на министерството за вонредни состојби.

Според првите информации, инцидентот во рудникот на компанијата за ископ на злато Омчак во областа Балеј се случил утринава, а двајца работници останале заробени под урнатините.

Спасувачите од под урнатините извлекле тело на еден работник, а малку подоцна и на друг, пренесува РИА Новости.

Истрагата за причините за несреќата е во тек.

Слични содржини