Столтенберг во Косово: НАТО ќе направи се за да не се повтори насилството од мај и од септември

од Vladimir Zorba
198 прегледи

НАТО размислува дали Алијансата треба да има потрајно зголемување на војниците во регионот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Приштина.

Тој додаде дека НАТО го разгледува своето воено присуство на Западен Балкан.

Столтенберг по средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи истакна дека Алијансата ќе направи се што е неопходно за да осигури безбедна средина за сите луѓе во Косово.

Столтенберг наведе дека Алијансата ќе направи се за да не се повтори насилството што беше забележано во мај во Звечан, како и во Бањска на 24 септември.

– Насилството во Косово е неприфатливо. Затоа го зголемивме присуството со уште 1.000 војници, што е најголемото засилување на НАТО во претходната деценија, посочи Столтенберг.

Тој додаде дека НАТО не е истражен орган, а прашањето за Бањска е работа на косовската полиција и на  ЕУЛЕКС. Столтенберг посочи дека очекува одговорните да бидат изведени лицето на правдата.

Слични содржини