150
Бројот на раселени лица во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел достигна околу 1,7 милиони, соопшти денеска Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА).
Според соопштението, во училиштата на УНРВА се сместени околу 900 раселени лица, а на улица живеат стотици илјади луѓе, пренесува „Харец“.
Агенцијата соопшти дека контаминираната вода за пиење довела до ширење на болеста и дека постои страв од појава на колера. Во соопштението се нагласува и дека УНРВА му ги доставила на Израел точните локации на неговите објекти, но дека повеќе од 70 од нив биле оштетени во бомбардирањето.