ВМРО-ДПМНЕ до Маричиќ: Подобро да пие витамини наместо вино

од Nikola Popovski
285 прегледи

Не знаеме дали Маричиќ, бил на винскиот саем во Белград, но по изјавите и постапките потврдува дека бил и дека уживал во доброто вино. Факт е дека виното му штети, затоа да бидеме сериозни подобро е да пие витамини, наместо вино, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната изјава на вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Според партијата на Христијан Мицкоски, Маричиќ е министерот кој го има најлошиот извештај на Европската Унија досега.

-Дополнително европската агенда е блокирана пред се поради неспособноста и криминалот на владата, и поради обидот да се наметне бугарски диктат кој го подржува владата на Ковачевски. Со Маричиќ, СДС и ДУИ, ЕУ е само далечна желба наместо реалност на која треба да работиме, велат од најголемата опозициска партија.

Маричиќ денеска порача дека треба да очекуваме да има охрабрувачки пораки во пресрет на декемврискиот самит на ЕУ, но не можеме да очекуваме да се случи нешто спротивно од тоа што е напишано во преговарачката рамка со ЕУ.

-Не се откажуваме до последниот ден од мандатот на овој собраниски состав да разговараме и да ги убедуваме колегите од ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокираат сопствената држава, да не влезат во еден вител, во еден тунел, во кој веќе еднаш нѐ имаат внесено во 2008 година и да соберат сила заедно да го направиме овој потег. Одговорноста ќе биде заедничка, но и поените, да докажат на дело дека навистина се за ЕУ, рече вицепремиерот при посетата на општина Ѓорче Петров.

Слични содржини