Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан блесна пред три дена во Лос Анџелес на церемонијата на GQ’s Men of the Year, каде ги воодушеви сите со својот стајлинг, но и со новата фризура.
Ким се најде на насловната страница на ова списание и изданието посветено на мажот на годината.
Таа на црвениот тепих се појави со коса во боја на песок, заменувајќи ја нејзината црна коса. Ким и порано беше русокоса, но сега тоа не е чистo русa нијанса, бидејќи можете да видите навестувања на црни акценти. Покрај бојата, ја промени и фризурата, која сега ѝ беше испеглана.
Оваа промена на познатата ријалити ѕвезда не можеше да помине незабележана, а покрај новата фризура, таа доминираше и во комбинацијата на облека. Таа за оваа пригода се одлучи за фустан од превртена кожа во кафена боја. Фустанот имаше гол грб, а околу вратот бил врзан со златни синџири. Внимание привлекоа и металните детали на задната страна со нејзините иницијали.
Што се однесува до шминката, таа се одлучи за неутрални тонови и шминка во боја на кожа.
Оваа промена кај многумина предизвика позитивни коментари, а она што сите го забележаа покрај косата е нејзината витка линија на која Ким очигледно напорно работи.