Германија најавува нов пакет воена помош за Украина во вредност од 1,3 милијарди евра

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Германија ќе ја поддржи Украина со уште еден пакет воена помош вреден 1,3 милијарди евра, кој ќе вклучува четири дополнителни системи за воздушна одбрана IRIS-T, изјави денеска во Киев германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

„Пакетот за поддршка ќе вклучува и 20.000 артилериски гранати од 155 милиметри, како и противтенковски мини“, рече Писториус на средбата со неговиот украински колега Рустем Умеров, пренесе Ројтерс.

Досега Берлин се обврза да испорача осум системи IRIS-T во Киев, од кои три се веќе испорачани.

Слични содржини