Ковачевски: Не смееме да имаме пречки и кочници кон ЕУ и ќе направиме се што е потребно да го исчекориме до крај тој пат

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека Северна Македонија како членка на НАТО продолжува да вложува во јакнење на капациеттите во задржување и јакнење на статусот на сојузник од доверба во Алијансата.

-Како најмлади членки се посветивме и ја постигнавме воената интеграција од било која претходна земја-членка која се приклучила на Алијансата, истакна Ковачевски.

Според него, стабилноста на регионот е исклучително и суштински важно и тоа повеќе од кога било досега.

-Токму затоа наш приоритет е евроинтеграцијата. Пред се на Северна Македонија, но и на регионот. Не смееме да имаме пречки и кочници на тој пат и ќе направиме се што е потребно да го исчекориме до крај, се до нашето членство во ЕУ во 2030 година, рече Ковачевски на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО во Владата.

Слични содржини