Западен Балкан секогаш ми бил блиску до срцето, тука првпат пробав полнети пиперки и сладолед, рече Столтенберг пред пратениците

од Nikola Popovski
350 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, синоќа за време на говорот во македонското Собрание, се присети на времето поминато во Скопје како дете, кога татко му бил поставен во Скопје како дел од неговата работа во норвешката амбасада.

Столтенберг на пратениците во Собранието им ја раскажа својата емотивна блискост со овој дел од Европа, откривајќи дека првиот сладолед го јадел во Југославија, а овде за него биле голем дел други почетоци.

-Западен Балкан секогаш ми бил блиску до срцето. Рингер рингер раја, песната која завршуваше со чуч или друг збор ја паметам. Сум јадел полнети пиперки и имам сѐ уште многу пријатели низ Западен Балкан. Често доаѓам да ги посетам како норвешки политичар, но и како генерален секретар на НАТО Алијансата, кажа Столтенберг.

Во својот говор рече ѝ дека неговите родители учестувале во трансформацијата на болницата Козле која и ден денеска се грижи за децата и е пример за модерна болница во регионот.

Столтенберг информираше дека на утрешниот неформален состанок на лидерите на НАТО сојузници што ќе се одржи во Скопје, ќе разговараат за Западен Балкан и безбедносните прашања во поширок контекст, како што е руската воена агресија против Украина и активностите во регионот.

Генералниот секретар на НАТО е во дводневна посета на Скопје. Освен обраќањето во парламентот, тој денеска се сретна со премиерот Димитар Ковачевски.

Слични содржини