Руското МО: Неутрализиравме неколку дронови во Црното Море кои се движеа кон Крим

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Москва соопшти дека неутрализирала четири украински поморски дронови во Црното Море кои се движеле кон Крим, како и три воздушни дронови над тој полуостров.

„Четири беспилотни чамци кои се движеле кон полуостровот Крим се откриени во западниот дел на Црното Море“, соопшти руското министерство за одбрана.

 

„Сите детектирани цели се уништени“, навел изворот.

Покрај тоа, руската противвоздушна одбрана уништи три украински беспилотни летала над Крим, се вели во одвоеното соопштение на министерството во кое се осудува „терористичкиот напад на режимот во Киев“.

Нападите со поморски или воздушни дронови се вообичаени во Украина и се зголемени од ова лето, кога Киев започна контраофанзива.

Москва на почетокот на септември соопшти дека спречила напад со дрон насочен кон мостот што ги поврзува Русија и Крим.

Русија го анектира Крим во 2014 година. Мостот беше оштетен двапати од почетокот на руската офанзива во февруари 2022 година.

Слични содржини