Нашите граѓани треба да бидат горди што живеат во земја-членка на НАТО која има исклучително ниво на безбедност, порача Ковачевски

од Nikola Popovski
239 прегледи

Безбедносната ситуација во Македонија е стабилна и не постојат никакви индиции за нарушување на истата. Сепак, сакам да обелоденам дека нивото на информации кое што безбедносните служби на нашата држава ги имаат и ги споделуваат со партнерските служби од земјите-членки на НАТО, а тука спаѓаат најразвиените држави во светот, во однос на поединци, групи и организации кои сакаат да го нарушат нивото на безбедноста во било која земја, е на ниво кое што е незамисливо за оние кои не се во детали вклучени во вакви прашања, изјави премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција по неформалниот состанок на НАТО лидерите од регионот.

Премиерот посочи дека се работи за детални и навремени информации.

-Тоа значи дека системот на превенција, заедничко работење со централата на НАТО во Брисел и директната соработка со земјите-членки, функционира на беспрекорно ниво и затоа нашите граѓани треба да бидат среќни и горди што живеат во земја членка на НАТО која има исклучително ниво на безбедност споредбено со било која друга земја која не е членка на алијансата, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини