„Го отфрла Хари и оди сама“: Експерти ги коментираа најновите јавни појавувања на Меган Маркл

од Stefanija Kuzmanovska
1,7K прегледи

Меган Маркл се почесто може да се види во друштво на холивудски ѕвезди и тоа не е случајно.

Експертот за односи со јавност од Велика Британија, Марк Борковски, тврди дека тоа се тајните планови на војвотката од Сасекс. Луѓето од светот на шоу-бизнисот ги разбираат нејзините пораки.

На неодамнешниот настан организиран од магазинот Variety наречен Power of Women, Меган Маркл се појави без нејзиниот сопруг принцот Хари, но напомена дека таа и нејзиниот сопруг подготвуваат нови проекти и едвај чекаат да го официјализираат.

„Тоа е тактика и Меган Маркл повторно ја нагласува таа постојана потреба за признавање и, уште поважно, поврзување со активности за правење пари“, тврди Борковски.

Меган Маркл на споменатиот настан беше во друштво на Опра Винфри и Леонардо ди Каприо. Таа седна со претставник на „Универзал“, кој го води нивниот филмски и ТВ бизнис.

Таа седнала на масата во централниот дел од собата, во нејзина близина бил Леонардо ди Каприо, а близок до неа бил познатиот агент Бред Слејтер, кој работел со Бен Афлек, Двејн Џонсон и нејзината пријателка Серена Вилијамс.

Борковски вели дека тоа е дел од јасниот план што ПР-професионалците го користат со децении – привлекувајќи го вниманието кон себе за да добијат нови ангажмани во Холивуд. Тој верува дека Меган Маркл сака да се врати на актерството, иако нејзиниот портпарол неодамна изјави дека тоа не е вистина.

„Очигледно е време за повторно лансирање на брендот Сасекс, а нејзиниот соло настап доволно говори за насоката во која се движи. Минатата година не беше одлична за нив. На директорите на студијата не им е грижа дали сте војвотка или чистачка, се работи за суштината, а на фондацијата Арчевел ѝ треба нов хит“, вели друг експерт за односи со јавноста, Ерик Шифер.

Тој додаде дека на Американците им се допаѓаа Меган и Хари, но дека се е сменето, бидејќи САД не сакаат „сиромашни луѓе“.

„Професионално, изгледа дека го отфрла Хари и оди сама“, пишува „Дејли Мејл“.

Откажувањето се однесува на јавни настапи, а претходно се шпекулираше дека нејзината кариера ќе оди во тој правец.

Слични содржини