Ердоган: Турција бара да се истражи дали Израел има нуклеарно оружје

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Турција ќе побара од Советот за безбедност на ОН и од Меѓународната агенција за атомска енергија да ги проверат информациите за нуклеарно оружје на Израел.

Оваа иницијатива ја најави претседателот на Турција, Реџеп Таjип Ердоган, наведувајќи дека е сериозна закана за целиот регион.

„Ќе покренеме иницијатива во Советот за безбедност на ОН и Меѓународната агенција за атомска енергија за прашањето што е безбедносна закана за Турција, но и за регионот“, изјави Ердоган на економскиот форум во Алжир, пренесуваат турските медиуми.

Ердоган и претходно зборуваше за неопходноста од утврдување на точноста на информациите дека Израел поседува нуклеарно оружје.

Ердоган изрази особена загриженост по изјавите на поранешниот израелски министер Амихаи Елијаху, кој го спомена фрлањето нуклеарна бомба врз Газа како една од опциите.

„Израел отворено признава дека поседува нуклеарно оружје, но меѓународните институции се уште не иницираат истрага по ова прашање“, рече Ердоган.

Турскиот претседател најави и дека неговата земја ќе учествува во обновата на Газа и бара Израел да одговара за злосторствата извршени врз Палестинците.

Слични содржини