Волонтери од Малиќи групацијата, под покровителство на меѓународната компанија Диаџио (Diageo), како дел од проектот Боренка, пошумија речиси еден хектар опожарена површина во беровско, со околу 2 000 нови зимзелени автохтони садници.
Диаџио, заедно со партнерите, Гемак од Македонија и Гекос од Косово, дел од Малиќи груп гордо го реализира трансформацискиот проект за пошумување наречен Боренка, со цел да се обнови и зачувува екосистемот во Македонија.
Поддршката на Дијаџио за проектот Боренка е доказ за посветеноста на компанијата за заштита на животната средина и клучен чекор напред за обновување, надополнување и заштита на планетата за генерациите што доаѓаат.
Активностите поврзани со пошумувањето не вклучуваат само садење дрвја, туку и создавање вредности, велат од Малиќи групацијата.
Се надеваме дека во иднина ќе засадиме повеќе дрвја под чија сенка ќе уживаат идните генерации. Во пошумувањето ни помогнаа волонтерите од Сојузот на извидници, шумарите – експерти од јавното претпријатие Национални шуми и група средношколци од гимназијата Орце Николов. Убедени сме дека со заседените 2.000 садници во Берово, Дијаџио и Малиќи груп имаат позитивно влијание врз локалната заедница и животната средина, покажувајќи ја својата посветеност на одржливост и општествена одговорност, изјави Душан Марковиќ корпоративен директор за маркетинг и ПР на Малиќи груп.
Оваа иницијатива е усогласена со сеопфатната програма за одржливост и одговорност на Дијаџио, позната како “Society 2030 – Spirit of Progress” (Општество 2030 – Духот на напредокот) , што ја одразува посветеноста за позитивно влијание врз општеството и околината.