Маргот Роби смета дека „Барби“ не треба да добие продолжение

од Vladimir Zorba
278 прегледи

„Барби“ оваа година ги освои срцата на многу гледачи ширум светот. Тоа особено се одрази на заработката со која може да се пофали овој филм, која моментално изнесува 1,4 милијарди долари.

„Барби“ и „Опенхајмер“ имаа голема маркетиншка кампања од која се појави феноменот „Барбенхајмер“. На крајот, филмот на Грета Гервиг победи, по заработка, но консензусот е дека публиката всушност победи, бидејќи за прв пат по долго време, првите три филма на годината не се за суперхерои.

Некои предвидуваат дека можеби ќе добиеме „Барби 2“, но тоа, барем засега, е далеку од вистината. Дури и главната актерка Маргот Роби смета дека продолжението не е потребно.

Таа го изјави тоа во неодамнешното интервју за „Асошиејтед прес“.

„Мислам дека дадовме се од себе во овој филм. Не го направивме со намера да создадеме трилогија или нешто слично. Грета покажа се во овој филм и едноставно не можам да замислам што е следно“, рекол Роби.

Слични содржини