ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение порача дека новата влада предводена од нивната партија ќе привлече големи светски компании во Македонија.
Од партијата велат дека според новата даночна политика за деклариран профит до 20 милиони евра данокот ќе остане ист, 10%, ако е реинвестиран, тој останува 0%.
-Секоја компанија без разлика дали е домашна или странска ако пријави профит од 20 до 30 милиони евра, данокот ќе биде 8%, од 30 до 50 милиони евра ќе биде 6%, а над 50 милиони евра данокот ќе биде 5%.
Со оваа политика компаниите ќе се мотивираат што повеќе да работат, но и ќе се демотивира во целост сивата економија. Државата ќе понуди предвидливост и сигурност, како за домашните, така и за странските инвеститори, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека ќе ја профилираат Македонија како држава со најнизок данок на добивка.