📽 Апокалиптични сцени во Русија: Високи бранови поплавија градови, водата однесе куќи

од Stefanija Kuzmanovska
258 прегледи

Бранови високи околу шест метри кршат палми и ги поплавуваат првите катови на повеќекатните згради во јужниот руски град Сочи.

Силниот ветер собори дрвја, предизвикувајќи доцнење на возови, додека аеродромот во еден момент беше затворен.

Инаку, силно невреме го зафати целиот брег на Црното Море од Одеса, преку Крим, па се до Сочи.

Поради временските услови речиси половина милион жители на Крим останаа без напојување со електрична енергија.

Во невремето едно лице исчезна, а четири се повредени, соопшти денеска прес-службата на руското министерство за вонредни ситуации.

Припадниците на тоа министерство цела ноќ ги евакуирале луѓето од поплавените куќи и им пружале помош, пренесува РИА Новости.

На социјалните мрежи се појави информација дека брановите ги однеле рововите на окупираниот Крим кои руската војска ги ископала на плажите.

Според информациите на кримските медиуми, во Евпаторија водата ја однела одбранбената линија на брегот, инженерските згради и позициите за стрелање.

Брзината на ветрот на бреговите на окупираниот Крим достигнува 115-130 километри на час, брановите се високи 8-9 метри. На Кримските Планини ветерот е до 150 километри на час.

Од силината на ветрот неколку куќи претрпеле сериозни оштетувања, додека некои биле целосно уништени.

Слични содржини