192
Компанијата ByteDance која го создаде Tiktok, планира да отпушти стотици луѓе од својот оддел за видео игри во Шангај и градот Хангжу.
ByteDance исто така сака да го продаде својот главен бренд за видео игри Nutrend, пренесува Bloomberg повикувајќи се на извори.
Компанијата се очекува да објави дека работниците ќе престанат да работат на видео игри кои треба да бидат објавени во декември.
Примарната сила и успехот на ByteDance лежи во социјалните медиуми и платформите, особено во Tiktok, кој се здоби со огромна популарност ширум светот, пренесува „Танјуг“.
ByteDance сака повторно да се фокусира на своите клучни средства и да го реализира својот максимален потенцијал на тоа поле.