197
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го прими американскиот милијардер Елон Маск во својот кабинет во Кнесетот, по посетата на кибуцот Кфар Аз.
Нетанјаху му покажал на Маск делови од филмот подготвен од портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) во кој се прикажани злосторствата и масакрот извршени од Хамас на 7 октомври, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот, пишува The Times of Israel.
Потоа одржале проширен состанок на кој разговарале за вештачката интелигенција во безбедносните полиња.
На средбата присуствувале високи претставници од безбедносните институции и лидери од областа на вештачката интелигенција и сајбер безбедноста, се додава во соопштението.