Повеќе од 40 заложници не се во рацете на Хамас, туку на други палестински екстремисти

од Radmila Tasevska
176 прегледи

Си-Ен-Ен попладнево објави, повикувајќи се на странски политички извори, дека повеќе од 40 заложници кои во нападите на Хамас врз јужен Израел, на 7 октомври, беа киднапирани и однесени во Појасот Газа се држени од други екстремистички организации.

Десетици заложници наводно се во рацете на Исламскиот џихад, а некои се држени од жители на Газа кои не се поврзани со екстремистички организации.

Израелските власти денеска потврдија дека има несогласување околу списокот на заложници што треба да бидат ослободени денеска и кажаа дека Израел нема да прифати Хамас да ги прекрши условите од договорот за заложници.

На списокот што го претстави Хамас има само 11 лица, меѓу нив девет деца и две постари жени, а во претходните три дена беа ослободени по 13 заложници. Освен тоа, Израел се противи на раздвојување на семејствата кои се држат како заложници.

Израелските медиуми, меѓутоа, попладнево објавија дека властите ги известиле роднините на заложниците кои ќе бидат ослободени во наредните часови и дека договорот се спроведува, а Израел успеал да ги спречи децата да бидат одвоени од нивните мајки за време на ослободување.

Две семејства веќе беа разделени на вториот ден од размената на палестинските затвореници, во саботата.

Израел се спротивстави, но, сепак, се согласи да ги прими третата и четвртата група заложници.

Досега се ослободени 39 Израелци, во замена за 117 палестински затвореници, жени и малолетни мажи и еден руски државјанин кој има двојно државјанство, а беше ослободен надвор од договорот на барање на рускиот претседател Владимир Путин.

Надвор од договорот беа ослободени и 17 Тајланѓани и еден Филипинец.

Договорот за четиридневно примирје предвидува ослободување на најмалку 50 заложници од Газа во замена за 150 Палестинци кои се чуваат во израелските затвори, како и секојдневен влез на помош во Појасот Газа.

Слични содржини