Таткото на Џиџи и Бела Хадид раскажа како неговото семејство било избркано од нивниот дом во Палестина

од Stefanija Kuzmanovska
298 прегледи

Мохамед Хадид, таткото на светски познатите палестинско-американски модели Бела и Џиџи Хадид, изјави дека протерувањето на палестинските цивили на југот на Појасот Газа поради израелската окупација го потсетило на искуството на неговата мајка пред 75 години.

Хадид имал само девет дена кога неговото семејство било исфрлено од нивниот дом од две еврејски семејства кои претходно ги угостиле по нивното бегство од Европа по Втората светска војна.

Овој бизнисмен со палестинско потекло изјави за „Анадолија“ дека најновите сцени од Газа го потсетиле на она што го доживеала неговата мајка пред 75 години, кога нивното семејство преку ноќ станало бегалско семејство без сопствен дом.

Евреите им ја зеле куќата

Хадид рече дека палестинскиот народ ги отворил вратите за еврејските мигранти од Полска и Унгарија кои избегале од Европа и пристигнале со брод во пристаништето Хаифа во 1946 година.

Тој истакна дека неговиот татко тогаш примил две еврејски семејства во куќата во Сафад.

Како што рекол, две години подоцна мајка му отишла во Назарет, каде се наоѓала куќата на нејзиниот татко, за да го роди.

Тој истакна дека е роден во Назарет, кој се наоѓа на северот на Палестина, во 1948 година, кога започна првата израелско-палестинска војна.

Во тоа време, навел тој, еврејските групи почнаа да ја заземаат земјата на Палестинците, а неговото семејство било во Назарет, далеку од куќата во Сафад, каде што сè уште живееја еврејските семејства во кои ги угостиле.

Неговото семејство подоцна му раскажало што се случило во тие денови во Палестина, кога тој сè уште бил бебе.

„Кога имав само девет дена, мајка ми се врати во нашата куќа во Сафад, земајќи ја со себе мојата двегодишна сестра. Сафад тогаш беше речиси окупиран од Евреите кои случајно се нашле таму. Татко ми, професор на Универзитетот во Хаифа, исто така не беше дома. Кога дојдовме до куќата што му припаѓаше на моето семејство, не не пуштија да влеземе“, вели Мохамед Хадид.

Преку ноќ станавме бегалци

Тој истакна дека кога неговата мајка Хаирија Хадид сфатила дека тие станале бегалци, сакала да земе ќебиња од куќата за да не им студи на децата, но еврејското семејство не ѝ дозволило.

Додал дека неговата мајка не смеела да го земе ни семејниот албум што се наоѓал во куќата.

Мохамед истакна дека сегашните сцени на цивили кои бегаат од израелските напади во Газа го потсетуваат на она што му го кажала мајка му за бегалците од Палестина во Сирија заедно со нивните деца.

Како што рече, сето тоа го потсетило на приказните на мајка му за дневните и ноќните талкања по планините, некогаш на грбот на животните, некогаш пешки и на крајот пристигнувањето во бегалскиот камп во Сирија по неколкудневно мачно патување.

Татко му го сретнале во логорот дури по неколку дена.

„Не се сеќавам на ништо од тоа време бидејќи имав само девет дена. Но, она што го видов на телевизија длабоко ме погоди и дури сега разбрав низ каква борба и тешкотии поминала мајка ми кога ме однела во бегалскиот камп“, изјавил Хадид.

Смртни закани

Тој потсети дека неговите светски познати ќерки, манекенките Бела и Џиџи Хадид, споделуваат објави на социјалните мрежи за да го свртат вниманието кон цивилните жртви на израелските напади на Појасот Газа.

„Моите деца ги следат нивните размислувања за животната средина и што се случува со луѓето во светот. Тие со години придонесуваат за овие прашања, од катастрофалниот земјотрес во Турција до големиот глад во Африка, бездомништвото во Југоисточна Азија и изградбата на училишта за УНИЦЕФ. Отсекогаш биле заинтересирани за хуманитарни настани. Бидејќи јас сум Палестинец, и тие се половина Палестинки. Тоа секако побудува природен интерес за оваа тема кај нив“, истакнува Хадид.

Тој рече дека по израелските напади на Газа се зголемиле критиките и заканите кон неговото семејство.

„Добиваме многу закани. Добивам многу пошта со омраза преку е-пошта. Мојот и телефонските броеви на моите ќерки се споделени на интернет. Добивме многу повици, од смртни закани до напади. Моравме да ги смениме телефонските броеви“, вели Мохамед Хадид, кој живее во Соединетите Американски Држави.

Слични содржини