Овој холивудски актер речиси секогаш добива улога на негативец: Сега откри и зошто

од Stefanija Kuzmanovska
359 прегледи

Познатиот актер Мадс Микелсен често добива улоги на негативец.

Така имавме можност да го гледаме како Ханибал Лектор во серијата „Ханибал“, а тој ги играше главните негативци во „Доктор Стрејнџ“, „Фантастични ѕверови: Одмаздата на Дамблдор“, „Казино Ројал“, „Индијана Џонс и артефактот на Судбина“.

Многу луѓе беа заинтересирани зошто креаторите на филмови и серии во повеќето случаи го гледаат Микелсен како негативец, а сега, на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш, актерот ја претстави својата теорија за ова прашање.

„Едноставно е. Тоа е поради чудниот акцент. Тоа е толку едноставно. Некогаш беше германски, па британски, па руски, а сега поради некоја причина се вљубија во данскиот акцент. Тоа е најважната причина“, навел тој, пренесе Deadline.

„Тогаш, кога Американците ќе видат нешто што им се допаѓа, тие имаат тенденција да се обидат да го копираат, нели? Но, имав доволно среќа да играм различни негативци во различни светови. Има голема разлика помеѓу Марвел и Џејмс Бонд… Но, никогаш не размислувам премногу за тоа. Во Данска не ги делиме на добри и лоши момци, туку ги гледаме како многу посложени ликови“, додаде Микелсен.

Слични содржини