Актерката Синтија Никсон се приклучи на штрајкот со глад поради ситуацијата во Газа

од Stefanija Kuzmanovska
280 прегледи

Американската актерка Синтија Никсон се приклучи на петдневниот штрајк со глад пред Белата куќа, со кој се осудува улогата на американскиот претседател Џозеф Бајден во израелската офанзива на Појасот Газа и се повикува на итен прекин на борбите во таа област.

„Тоа што нашиот претседател ја игнорира неверојатната загуба на животи, ни најмалку не ги одразува желбите на огромното мнозинство Американци“, им рече Никсон на новинарите, пренесе „Ал Џезира“.

Никсон, најпозната по улогата на Миранда во серијата „Сексот и градот“, го повика Бајден „да ја почувствува таа емпатија по која е толку познат, да ги погледне децата во Газа и да замисли дека тоа се негови деца“.

Штрајкот со глад беше организиран од десетици американски конгресмени и антивоени активисти.

Слични содржини