296
Иранскиот заменик министер за одбрана, генерал Махди Фарах денеска потврди дека Иран купил руски хеликоптери Ми-28, ловци Су-35 и авиони за обука Јак-130.
ТАСС наведува дека не е познат конкретниот број на авиони што Иран ги купил од Русија.
Иранските воздухопловни сили го добија првиот Јак-130 во септември, се вели во изјавата на Фарах.
Во јануари, членот на комисијата за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Шахријар Хејдари, изјави дека Иран го нарачал рускиот Су-35 и дека првите испораки се очекуваат на пролет, а во март иранската амбасада во ОН објавија дека договорот за Су-35 е потпишан, пренесува „Спутник“.