Здружение на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ изразува решителен протест во врска со најавената посета на земјата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој планира да учествува на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
-Иако од Владата тврдат дека доаѓањето на Сергеј Лавров во Скопје нема да значи неговото доаѓање во билатерална посета на Македонија, туку во земја домаќин на ОБСЕ, сепак сметаме дека во кое својство и да доаѓа шефот на надворешно политичка институција на Русија, најважно дека тој ја води институцијата на една терористичка земја која веќе скоро 2 години секојдневно уништува мирни населени места и врши геноцид на украинското население. Кај нас предизвикува револт самото негово доаѓање во Македонија каде ќе се поздравува со неговите раци до лакти замачкани во крв на илјадници невини Украинци со негови колеги од европските земји. И кога, како што велат од Владата, „станува збор за организацијата, за иднината на ОБСЕ и се очекува секој да се издигне над националната позиција и да ја заштити организацијата која што е важна“, ние сакаме да нагласиме дека токму во тоа е суштина на обстојување на организацијата – имено такви членки како што е Руската Федерација ја доведуваат во прашање углед и иднината на организацијата, посочуваат од здружението.
Нагласуваат дека високо ја ценат досегашната помош и поддршка на Украина од страна на Македонија на секое поле, но велат дека за нив не е разбирлив и не е прифатлив аргумент дека владината одлука за прием на Сергеј Лавров е диктирана со тоа што Македонија претседавач на ОСБЕ и „треба да се направат разлики направиме меѓу билатералниот и мултилатералниот карактер на посетата, а Скопје е само местото каде ОСБЕ е овој пат“, а одлуката на Македонската Влада е донесена според одлуката на ЕУ по однос на санкциите према Русија: „со исклучок на настани поврзани со ОБСЕ, со други меѓународни организации“.
-Затоа уште еднаш изјавуваме решителен протест против таквата владина одлука за прием на својата територија меѓународен злосторник, на којшто вистинското место му е во Хаг, а не на иста маса со почитувани шефови на надворешнополитички институции на цивилизирани земји! Очекуваме дека секој нормален граѓанин на Македонија ќе го поддржи нашиот став и револт, стои во соопштението на „Лесја Украинка“.