Хамас изврши терористички напад затоа што се плашат од Израелците и Палестинците кои живеат едни до други во мир.
„Да се продолжи по патот на теророт, насилството, убиствата и војната е да му се даде на Хамас она што тие го сакаат. Не можеме да го направиме тоа“, наведе американскиот претседател Џо Бајден на платформата Х.
Претходно тој рече дека решението со две држави е единствениот начин да се гарантира долгорочната безбедност и на израелскиот и на палестинскиот народ.
Палестинската канцеларија за медиуми објави дека досега во Газа се убиени повеќе од 15.000 луѓе, меѓу кои 6.150 деца и 4.000 жени.
7.000 Палестинци се уште се водат како исчезнати, меѓу кои 4.700 деца и жени.
Во нападот на Хамас на 7 октомври, според израелски извори, загинале 1.200 Израелци.
Повеќе од 70 отсто од луѓето во Појасот Газа се раселени поради војната. Повеќе од еден милион луѓе сега се во засолништата на УНРВА, вклучително и речиси 100.000 луѓе во 50 засолништа на северот.