Андонов: Производство на струја е четвртиот бенефит од водите, покрај пиењето, наводнувањето и водоснабдувањето

од Nikola Popovski
356 прегледи

Обвинувањата дека Грците ќе ни ги земат водите потекнуваат од некои лични причини и некој наш синдром. Неколку луѓе сакаат да направат и наметнат стравови во јавноста со флоскулите дека ќе сме ја давале водата на Грците, вели директорот за развој на инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов во интервју за „Слободен печат“.

Законот за води, појаснува тој, јасно кажува дека ќе добијат дозовола за користење на вода само за производство на електрична енергија. Во овој Закон за води, вели Ангелов има приоритети, а тоа се наводнување, пиење, водоснабдување, земјоделски цели и електрична енергија на четврто место.

-Кога се зборува за концесиите, Андонов смета дека станува збор за намерни забуни кои се шират. Имено, според член 39 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство, основата за спроведување на постапката кажува дека договорите предвидени со овој закон се склучуваат за период до 35 години сметано од денот на склучување на договорот, односно од денот на влегување во сила ако овој датум се разликува. Но тоа што никој не го објаснува, вели Андонов е дека ова важи само доколку со посебен закон поинаку не епредвидено.

-Е сега, во Македонија основен и посебен закон за водите е Законот за води. Во Законот за води имате времетраење на концесија одреден во член 57 каде се поделени хидроелектраните и во кој член од законот се кажува дека за производство на електрична енергија во хироелектрични централи со моќност над 10 мегавати, концесијата е до 70 години, објаснува Андонов за „Слободен печат“.

Слични содржини