Лесно се подготвува, а вкусот е фантастичен.
Состојки:
– 1 јајце
– 150 гр брашно
– 1 лажичка прашок за пециво
– 1/4 лажичка сол
– прстофат бибер
– 1/8 л млеко
– 125 гр кашкавал
– масло за пржење
Подготовка:
Изматете го јајцето. Во еден сад измешајте брашно, прашок за пециво, сол и бибер. Направете вдлабнатина во средината и ставете го јајцето во него.
Во смесата истурете 4 лажици млеко и сè убаво измешајте.
Потоа истурете уште млеко додека тестото не почне да паѓа од лажицата во големи капки. Во него додадете го ренданиот кашкавал и добро измешајте ја масата.
Во тавче или плитка тава истурете околу 5 см масло и добро загрејте го. Истурете го тестото во маслото со лажица и пржете три до четири минути, додека топчињата не поруменат од сите страни. Оставете ги кратко на салфетка да се исцедат, па послужете.
Важно е маслото за пржење добро да се загрее на вистинската температура (190°), за топчињата да бидат крцкави.