Тренчевска: Утопија е да кажете дека линеарно ќе ги зголемите пензиите за 5000 денари

од Nikola Popovski
249 прегледи

Нереални се најавите на Христијан Мицкоски за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари, истакна денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Таа во емисијата „Студио 10“ порача дека „ДПМНЕ е популистичка партија која ветува и не реализра и дека тоа се гледа низ локланите самоуправи, каде имаат градоначалници“.

-Ветувања многу – реализација нула и популистички пуштени на најјако. Да кажете дека ќе ги зголемите пензиите линерано 5.000 на сите пензионери со импликации од една милијарда и 680 милиони денари, односно 330 милиони евра е навистина нерелано, утопија. И самите пензионери не веруваат во ова, нереално ветување на Мицоски, нагласи Тренчевска.

 

Слични содржини