Бред Пит зборуваше за најголемата тајна на Џенифер Анистон: „Бев преплашен“

од Stefanija Kuzmanovska
452 прегледи

Бред Пит и Џенифер Анистон беа еден од најпопуларните парови во Холивуд, а иако поранешните сопружници не се заедно со години, тие имаат добри односи и нема лоша крв меѓу нив.

Да потсетиме, тие беа во брак од 2000 до 2005 година, а во една прилика славниот актер откри една од полошите страни на врската со Џен. Имено, таа имала проблеми со спиењето навечер, што предизвикало потешкотии во нивната врска.

Бред Пит ја откри големата тајна на 54-годишната актерка, која дотогаш им била позната само на неколку луѓе од неговиот живот, – таа понекогаш месечари, односно шета за време на спиењето.

„Таа прави многу работи додека спие. Еднаш се вклучи алармот на куќата и ја најдов како месечари надвор. Морала да помине низ три или четири соби”, рече тој, додавајќи дека состојбата била прилично опасна, особено бидејќи во тоа време живееле во куќа на карпа.

Џенифер Анистон призна дека инцидентот го „преплашил“ Бред.

„Ќе ги слушнав фиоките како се отвораат и затвораат во другата соба, а потоа си велев дека ќе се врати во кревет кога ќе заврши со она што треба да го направи. Таа зборува многу во тие моменти, тогаш имавме некои од нашите најдобри разговори“, додаде холивудската ѕвезда.

Слични содржини