230
Вооруженото крило на палестинската милитантна група Хамас, бригадите Ал Касам, денеска ослободија две Израелки со руско државјанство.
Како што соопштија бригадите Ал Касам на Телеграм, ослободувањето на двете заложнички е направено во знак на благодарност за ставовите на рускиот претседател Владимир Путин.
Израелските државјанки, кои имаат и државјанство на Руската Федерација, се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа.