Интерпол денеска распиша меѓународна потерница за 14-годишната В.Ѓ., која на 27 овој месец беше пријавено дека е исчезната.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), истрагата продолжува интензивно и се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање нз лицето.
-Податоците за исчезнатото лице на 28.11.2023 во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол, се вели во соопштението на МВР.
Од МВР денеска ги демантираа дезинформациите дека 14-годишното девојче наводно е пронајдено во соседна држава.
Воедно, апелираат да не се шират дезинформации и посочуваат дека постојано ќе ја информираат јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.