Бектеши-Сијарто: Заедничка координација на С.Македонија и Унгарија околу таксата на руски гас од Бугарија

од Nikola Popovski
242 прегледи

Министерот за економија Крешик Бектеши денеска остварил работен состанок со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто.

Тема на состанокот на кој што присуствувале и генералниот директор на АД НОМА Гас, Бајрам Реџепи и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски беше таксата за руски гас која што ја наметна Република Бугарија.

Двајцата министри разговарале за следните чекори кои што ќе се превземат со цел отстранување на таксата на руски гас што ја наметна Бугарија, која како што се согласија е нелегална и е непријателски чин.

На состанокот била договорена заедничка кородинација на владите на Северна Македонија и Унгарија во насока на превземање на конкретни активности за обезбедување на енергетска безбедност на двете земји и сигурност во снабдувањето со гас.

„Целосно сме посветени во решавање  на проблемот кој го наметна Бугарија со воведување на такса на рускиот гас и изнаоѓање на заедничко решение преку координирани активности на сите засегнати страни. Северна Македонија ги поддржува сите иницијативи за решавање на настанатиот проблем“, кажал Бектеши на состанoкот.

Министерот Бектеши и министерот Сијарто се согласија дека дивиерзификација на изворите за снабдување со гас се крајна цел на која двете земји ќе работат заеднички во наредниот период.

Унгарија е помеѓу првите 10 трговски партнери на Северна Македонија е значаен политички и економски партнер и странски инвеститор во земјата, со нагорен тренд на трговската размена и континуиран суфицит на извозот од наша страна.

Слични содржини