Руската манекенка Ирина Двизова (42) и нејзината ќерка Дијана (15) биле пронајдени убиени и завиткани во чаршафи во близина на популарното турско летувалиште Бодрум. Нивните тела биле врзани со јаже и фрлени на три метри едно од друго.
Ужасното откритие започна меѓународна потера по осомничениот Андреј Куслевич (45), поранешниот сопруг на Ирина.
Откако членовите на семејството пријавиле дека не можат да стапат во контакт со Ирина, реагирала полицијата. Тие нашле крв на софата од нивната вила во Бодрум и отисоци од машки стапала, пишува „Дејли мејл“.
Снимките од надзорните камери од нивниот автомобил доведоа до ридот каде што биле фрлени телата, и двете со прострелни рани. Тоа предизвика потрага по Куслевич, кој некогаш бил телохранител на украински бизнисмен.
Се шпекулира дека мотив за убиството би можел да биде спор околу старателството над синот. Имено, во јуни Ирина побарала од судот во Москва да го спречи нејзиниот поранешен сопруг Куслевич, кој е литвански државјанин, да се види со момчето.
Ирина, мајка на три деца, беше модел и работеше како агент за недвижности во Бодрум. Нејзината ќерка била тиктокерка со околу 30.000 следбеници и имала намера да ги следи стапките на нејзината мајка и да стане модел.
Постариот син на Ирина, Давид (20) изјавил дека неговиот очув во минатото ја малтретирал и тепал неговата мајка.