Украинската тајна служба ја уништила пругата која ги поврзува Русија и Кина

од Stefanija Kuzmanovska
247 прегледи

Железничката пруга Бајкал-Амур беше погодена од експлозија во ноќта меѓу 29 и 30 ноември во тунелот Северомуј, во Бурјатија, Русија.

Извор на „Украинска Правда“ во безбедносните сили забележува дека ова е единствената железничка врска меѓу Русија и Кина, а сега таа рута, која Русија ја користи и за воени набавки, е парализирана.

Изворот навел дека зад експлозијата стои Службата за безбедност на Украина (ССУ).

Официјално, службата се уште не ги коментира овие настани.

„Четири експлозивни направи експлодираа додека минуваше товарен воз. ФСБ сега работи на местото на настанот, а железничарите неуспешно се обидуваат да ги намалат последиците од специјалната операција на ССУ“, изјави извор од украинското правосудство.

Слични содржини