Бочварски: Правиме рестарт во градежната дејност

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Министерството за транспорт и врски е силно посветено на унапредување на целиот градежен сектор и во таа насока се движи нашата соработка со сите Комори и Асоцијации. Ја започнавме најголемата реформа во овој сектор и нашите заложби во континуитет се подобрување на работата и условите за работа за сите чинители кои што се занимаваат со оваа дејност, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на втората годишна средба на Комората за овластени архитекти и овластени инженери.

Тој потенцира дека со политиките што ги реализира Министерството за транспорт и врски се прави целосен рестарт на градежниот сектор, преку креирање на нови законски решенија со кој заначително се подигнува квалитетот во овој сектор.

Министерот го истакна новиот Закон за урбанистичко плнирање како и финализирањето на новиот Закон за градење како клучни докуменити со кои се унапредува работата на сите инволвирани во градежништвото и урбанизмот.

“ Го донесовме Законот за урбанистичко планирање, исто така и Правилникот за урбанистичко планирање. Тука дадовме силна поддршка и за изработката и донесувањето на Ценовникот за висината на минималниот надомест за проектирање, значајни документи со кои ставивме ред и преку кои го валоризираме трудот на инженерите, архитектите, планерите, проектантите, сите стручни лица во нашата фела. Го финализираме и Законот за градење со сите прифатливи предлози од сите стручни лица и организации. .
Како што сум потенцирал повеќе пати, најпрво како архитект а потоа и како министер, ја давам мојата целосна поддршка на Комората сите овие години на нејзино функционирање”, се обрати министерот Бочварски.

Министерот пред присутните потенцираше дека примената на Еврокодовите без одложување ќе започне со примена од септември следната година.

Северна Македонија има обврска како земја кандидат за членка на ЕУ да ги воведе Еврокодовите за да го усогласи домашното законодавство со европското, а преку нив да се зголеми конкурентноста на домашните компании при учество на меѓународните пазари.

Со почит.

Слични содржини