Во ново интервју актерката Мег Рајан реагираше на тврдењата дека претерала со пластичните операции.
Актерката која го одбележа Холивуд во деведесеттите отсекогаш важела за природна убавица. Нејзиниот изглед, пак, е значително различен во последните години, а многумина ја осудуваат дека наводно претерала со ботоксот.
Мег сега ги коментираше тие критики и истакна дека не размислува за нив.
„Не можам да обрнувам внимание на тоа. Едноставно не можам. Не вреди. Има многу поинтересни работи за разговор. Подлоста и омразата се толку глупави“, изјави актерката во интервју за магазинот Glamour.
Таа неодамна се врати во светот на глумата по осумгодишна пауза. Мег го сними филмот „Што се случува подоцна“, кој моментално се прикажува во американските кина. И покрај тоа, во фокусот на нејзините обожаватели сепак е нејзиниот изглед.
„Мило ми е што се врати на сцената, но ќе беше многу подобро да не се упропастеше целосно“, „Мислам дека филмот треба да се преименува во ‘Што се случува со лицето на Мег Рајан’“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.