До вторник стабилно време, потоа дожд и снег

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

До вторник до крајот на денот ќе се задржи стабилно време, а нов влажен бран ќе започне од ноќта кон среда од северозапад.

Врнежите ќе бидат од дожд, во среда на високите планини од снег, а во четврток снег ќе има и понекаде на северозападот и на повисоките места, соопшти УХМР.

Врнежите ќе престануваат во четврток во текот на денот, а нови врнежи се очекуваат на почетокот на следниот викенд. Услови за појава на магла ќе има особено во вторник и среда наутро.

Слични содржини