Загина уште еден руски генерал

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Во Украина е убиен генерал-мајор Владимир Завадски, заменик командант на рускиот 14-ти армиски корпус, изјави денеска гувернерот на руската област Воронеж, Александар Гусев.

Без да навлегува во детали, Гусев рече дека Завадски загинал „на борбена позиција во зоната на специјална воена операција“, пренесува „Ројтерс“.

Истражувачкиот медиум iStory објави дека Завадски е седмиот генерал-мајор чија смрт е потврдена од Русија, со вкупно 12 високи офицери кои ги загубиле животите од почетокот на конфликтот во Украина.

Завадски беше повеќекратно одликуван руски офицер и поранешен командант на тенкови, рече Гусев, додавајќи дека неговата смрт е тешка и болна загуба.

Слични содржини