Претседателот на Собранието Џафери се сретна со делегација на Комисијата за европски прашања на Парламентот на Чешката Република

од Radmila Tasevska
218 прегледи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска остварил средба со Делегацијата на Комисијата за европски прашања на Парламентот на Чешката Република предводена од Владислав Вилимец, претседател на Комисијата.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, Џафери изразил големо задоволство од средбата и истакнал дека билатералните односи меѓу двете земји ги карактеризира традиционално пријателство и соработка со постојан политички дијалог и заемна соработка.

Во однос на евроинтеграциите на земјата, тој потенцирал дека поминати се повеќе од 20 години од Солунскиот самит, но дека сите земји од Западниот Балкан сѐ уште не се дел од Европската Унија.

– Тој информираше за процесот на интеграцијата на земјата во ЕУ, односно за завршната фаза на скрининг процесот како и за започнатиот процес на уставни измени во Собранието. Изрази надеж дека институциите на Европската Унија ќе ја одржат перспективата на проширувањето на Унијата со сите останати земји кандидати како кредибилен и визибилен процес базиран на заслуги, имајќи ги предвид и актуелните геополитички безбедносни предизвици. Исто така, ја поздрави континуираната помош на ЕУ во поддршката на реформите поврзани со Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и актуелно новиот План за раст за Западен Балкан, се вели во соопштението од Собранието на РСМ.

Вилимец истакнал дека Република Северна Македонија донела многу тешки одлуки со цел интегрирање на земјата во евроатланското и европското семејство. Тој смета дека е многу важно земјата да продолжи кон реформскиот пат со цел да стане дел од Европската унија. Потенцирал дека Чешката Република е голем пријател на земјата и ќе продолжи и во иднина да дава поддршка за целосна европска ингергација.

– Двајцата соговорници се согласија дека има простор за унапредување на економската соработка меѓу двете земја и искористување на сите потенцијални можности за соработка, се наведува во соопштението.

Слични содржини