Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ја истакна непоколебливата поддршка на Алијансата за Украина, за време на средбата со украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров во Брисел.
Столтенберг и Умеров разговараа за најновите случувања на бојното поле и за итните воени потреби на Украина.
-Со зимата што се очекува да ги усложни борбите, Столтенберг истакна дека сојузниците се посветени на зајакнување на политичката и практичната поддршка за Украина додека таа се брани од руска инвазија. Генералниот секретар повтори дека НАТО ќе обезбеди долгорочна поддршка на Украина, така што украинските сили целосно интероперабилни во рамките на НАТО и уште повеќе ги приближи до Алијансата, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на НАТО.
На средбата се разговараше и за патот на Украина кон членство во НАТО и за реформските напори на Украина.
Столтенберг повтори дека Украина ќе стане членка на НАТО кога ќе се согласат сите сојузници и кога ќе се исполнат условите.