Израел: Очекуваме тешки борби во втората фаза од војната, Хамас го избра бојното поле

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Израел очекува тешки борби во новата фаза од неговата војна во Појасот Газа, но е отворен за „конструктивна повратна информација“ за намалување на цивилните жртви, се додека таквиот совет е во согласност со наведената цел за уништување на Хамас, соопшти денеска израелската влада.

„Сега продолжуваме со втората фаза“, наведуваат оттаму.

Втората фаза ќе биде тешка од воена гледна точка“, изјави за новинарите владиниот портпарол Ајлон Леви, пренесува „Ројтерс“.

Израелските сили започнаа операции во јужниот дел на Појасот Газа, каде има околу милион палестински бегалци од северните области на енклавата, кои побегнаа од претходните конфликти. Тел Авив во моментов се соочува со силен меѓународен притисок, вклучително и од Вашингтон, да ги намали цивилните жртви за време на неговите воени акции.

„Секоја конструктивна повратна информација што ќе ја добиеме, каков било сериозен воено-стратешки совет за тоа како да се гаѓа Хамас додека се минимизира цивилната штета, се разбира, ќе ги преземеме“, рече Леви. Тој изјави дека таквиот совет ќе мора да биде во согласност со целта на Израел, која вклучува уништување на палестинската милитантна група.

„Ќе ја продолжиме нашата кампања за уништување на Хамас, кампања со која Америка се согласува со стратешките цели на оваа војна, дека не може да заврши додека Хамас се уште постои“, изјави портпаролот на израелската влада.

Леви додаде дека Израел прави многу напори да ја минимизира штетата на цивилите.

„Ние не го избравме бојното поле, Хамас го избра бојното поле“, нагласи портпаролот на израелската армија.

Слични содржини