Бритни Спирс на својот Инстаграм профил објави уште едно експлицитно видео.
Имено, таа се снимила како се извртува полугола во креветот под изговор дека е воодушевена од новиот пуш-ап градник на Victoria’s Secret.
„Конечно најдов градник на Victoria’s Secret кој не ме боли кога го носам! Обожавам градници со пуш ап, но не ги сакам обложените. Овој е генијален. Ги подига градите и нема подлога. Изработен е и од свила. Воопшто не се чувствувам дека го носам, а прекрасна е и бојата“, напишала 42-годишната поранешна поп принцеза, додека фокусот на видеото е на нејзините гради, но може да се види и остатокот од нејзиното тело во долна облека.
„40-тите можат да ми го пу***. Оваа година наполнив шест години. Во секој случај се чувствувам како да имам шест“, додала таа.
Популарната пејачка на својот Инстаграм профил редовно објавува полуголи, па дури и целосно голи фотографии со што ги шокира своите фанови.